181
Атлетико Мадрид и Барселона се договориле за продажба на Антоан Гризман во текот на летото, објави весникот Sport.
Ова го тврди новинарот Алберт Рог од шпанското издание, според кого трансферот е сигурен и ќе стане факт по крајот на оваа сезона.
Интересно е дека клаузулата за одрекување на францускиот репрезентативец паѓа двојно на 100 милиони евра од 1-ви јули и тоа го прави можно неговото преминување на стадионот „Камп Ноу“.
Барса, сепак, речиси сигурно нема да плати толку многу поради големите трошоци во последниве месеци. Уште пред неколку дена, се појавија информации дека „блаугранас“ би сакале да ја намалат цената, нудејќи им свој фудбалер на „јорганџиите“.