Samsung Galaxy S9 наспроти iPhone Х: Сличности и разлики

од desk2
86 прегледи

По што се слични, а по што се разликуваат „смартфонот на иднината” на Apple и новиот адут на Samsung? Oсвен по цената, се разбира.

Нешто помалку од шест месеци откако Apple го претстави iPhone X, Samsung вчера официјално го претстави неговиот нов топ модел во две изданија: Galaxy S9 и Galaxy S9+.

Годинава, ќе ја следиме битката помеѓу овие два џина. Но, пред да се случи тоа, да видиме по што овие два уреди се на прв поглед слични, а во што се разликуваат.

iPhone X беше значителен пресврт во однос на дотогашниот изглед на нивните паметни телефони. Galaxy S9 повеќе е надградба на претходните изданија.

Двата смартфони се комбинација на метално куќиште спакувано помеѓу два стаклени панели. Galaxy S9 е потенок и малку полесен.

Двата имаат диспплеј со дијагонала од 5,8 инчи, но Galaxy S9 има асиметрични рабови кои се подебели кон врвот и закривување на дисплејот, па рабовите од страна изгледаат уште помали. Поради тоа Galaxy S9 делува уште подолго.

Galaxy S9 има нешто поголема резолуција на дисплејот – QHD+ наспроти QHD, но нема 3D Touch, кој на iPhone X му овозможува препознавање на различно притиснување на дисплејот. Пропорцијата на дисплејот е малку различна, 18,5:9 наспроти 19,5:9 кај iPhone X.

Moќни процесори

Двата уреди имаат моќни процесори. Galaxy S9 ima oсумјадрен Exynos 9810 со работен такт од 1,7 и 2,7 GHz или Snapdragon со слични перформанси, во двата случаи поддржани со 4 GB RAM. Snapdragon е наменет за пазарот во САД, а Exynos за другите делови од светот.

Дали оваа конфигурација е побрза и помоќна од шестојадрениот A11 бионички процесор на Apple на 2,39 GHz и 3 GB RAM, ќе провериме во првата прилика.

Кај меморијата, во предност е Galaxy S9, кој доаѓа со 64 GB која може да се прошири со microSD картичка. iPhone X ja нема таа можност и мора да бирате помеѓу 64 или 256 GB.

Koј има подобра камера?

Камерата на Galaxy S9 има сензор со 12 мегапиксели која може да се префрла од еден отвор на бленда на друг (f/2.4 за дневно и f/1.5 за ноќно снимање), а нуди и оптичка стабилизација. Предната камера има 8 мегапиксели и отвор на блендата од f/1.7.

Oд друга страна, iPhone X има двојна камера со 12 мегапиксели, од кои едната има отвор на блендата од f/1.8 a другата f/2 и исто така има оптичка стабилизација на сликата. Предната камера има 7 мегапиксели и f/2.2.

Kaмерата на Galaxy S9 може да снима забавено видео до 960 фрејмови во секунда, додека iPhone Х е ограничен на 240.

Galaxy S9 има батерија со поголем капацитет од 3.000 mAh, наспроти 2.716 mAh кај iPhone X. Двата поддржуваат бежично и брзо полнење.

На крај, разликата во цената е голема, па iPhone X почнува од 999 долари, а Galaxy S9 ќе чини околу 800.