Во продолжение на еволуцијата, човештвото може да стане потполно нетолерантно на алкохол – покажуваат научни студии, кои утврдиле дека се појавува ген кој ја уништува толеранцијата на алкохолни пијалоци.

Како што наведува IFL Science, научници од Универзитеотт во Пенсилванија откриле модификација на механизмот за дехидрогеназа на алкохолот.
Тоа може да го промени начинот на кој луѓето го поднесуваат алкохолот.
Дехидрогеназа е ензим кој го раствора алкохолот, и така го метаболизира во соединение ацеталдехид (етанал), токсична хемикалија одговорна за главоболка наутро по пијанка.
Сепак, телото е во состојба брзо да ја претвори во ацетат, кој не е токсичен, па човекот потоа се чувствува добро, по од прилика еден ден.
Меѓутоа еволуцијата може да ја отстрание човечката зависност од алкохол, така што ќе створи нови верзии на гени кои би делувале на толеранцијата на пијалок, како и на способноста на телото ацеталдехидот да го претвори во ацетат.
Тоа значи дека на конзументот ќе му биде мачно и од помалку алкохол. За сега, тие гени се откриени само кај луѓе од источна Азија и западна Африка.
Научниците анализирале гени на 2.500 луѓе од 26 групи жители на четири континенти.
Новата студија покажува склоност кон воедначување на некои гени кај целиот човечки вид.