Македонската влада ги демантираше информациите на агенција Ројтерс дека премиерот Зоран Заев предложил четири варијанти за решавање на спорот за името со Грција.

Предлозите биле Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје), претходно соопшти Ројтерс, повикувајќи се на интервју со премиерот Заев. Македонската влада соопшти дека станува збор за погрешна интерпретација – овие предлози навистина постојат, но тие не се предлози на Република Македонија. “Македонската и светската јавност знаат дека ова се предлози од медијаторот Метју Нимиц, кој ги води преговорите меѓу Република Македонија и Грција под покровителство на ОН”, истакна во Скопје.
Заев, како што објави Ројтерс, нагласил дека останува прашањето дали постои реална потреба Македонија да го смени Уставот, нешто на што Грција инсистира изминатиот период, но Влада го појаснува и овој дел од пренесеното.
Во врска со деловите од интервјуто на премиерот Заев за Агенцијата Ројтерс преземено од страна на некои од македонските медиуми и во кои се пренсува дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во Уставот“, кабиентот на Заев категорично тврди дека премиерот нема искажано таков став во интервјуто.
– Наместо тоа премеирот Заев на прашањето на новинариот на Ројтерс одговара дека РМ е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалкеу бидејќи тоа е многу тешко прашање, нагласи Владата.
Во продолжение на разговорот на оваа тема премиерот Заев додал „останува отворено прашање дали постои вистинска потреба за промена на Уставот, нешто што Грција го бара изминатите месеци“.