Арсенал избрал нов менаџер на таен состанок

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Раководството на Арсенал го избрало идниот тимски менаџер на таен состанок.

Според „Индепендент“ од летото, сегашниот тренер на францускиот шампион Монако, Леонардо Жардим ќе биде на чело на „топџиите“. Португалскиот тактичар дал согласност да оди на „Емирати“ за да ја замени легендата Арсен Венгер.

Договорот на Французинот е до 2021 година, но се очекува да биде ослободен од функцијата поради незадоволителните резултати на Арсенал. Жардим беше избран во конкуренција со Томас Тухел и Карло Анчелоти.

Во текот на летото тој повторно потпиша договор со Монако до 2020 година, но од „Луј II“ се подготвени да го ослободат за надомест. Специјалистот роден во Венецуела се смета за еден од најдобрите млади тренери во Европа. Минатата сезона „црвено-белите“ ја прекинаа хегемонијата на ПСЖ во француската Лига 1 и играа 1/2-финале во Лигата на Шампионите, каде што отпаднаа од Јувентус.

Венгер е на чело на Арсенал од 1996 година и ги изведе „топчиите“ до три титули на Англија, седум пати го освои ФА Купот и уште толку Комјунити Шилд. За последен пат, сепак, тимот од Лондон стана шампион во 2004 година а во Европа немаат успех, и покрај сериозните инвестиции.

Слични содржини