Американски епидемиолог пред да исчезне пратил мистериозна порака: Работел со најопасни вируси

од desk2
155 прегледи

Случајот со исчезнувањето на американскиот научник Тимоти Канингем, кој работел во Центарот за контрола на болести, веќе две недели не и дава мир на американската јавност, а понудена е дури и награда од 10.000 долари за информација која би помогнала во истрагата.

Тимоти бил “детектив за болести” распореден во центарот за контрола и превенција во Атланта, а задача му била да ги истражи “жешките точки” на јавното здравје и да истражи дали постојат вируси како ебола и зика.

На денот кога исчезнал откако заминал порано од работа бидејќи не му било добро, ,Тимоти на својот прв сосед во Атланта му пратил прилично чудна порака.

“Му кажал на мојот сопруг да и каже на својата сопруга, односно на мене, да го избришам неговиот број од мобилниот телефон”, рекла Вивиана Тори.

Инспекторите неколку пати ја пребарале шумата во околината на неговата куќа, во обид да најдат било каква трага.

Како што рекло неговото семејство, во неговиот дом ги пронашле неговиот паричник, кредитните картички, телефонот, автомобилот, па дури и кучето со кое бил посебно поврзан.

Таткото на Тимотеј отишол во Атланта од Мериленд, откако два дена не се слушнал со синот. Тој и останатите членови на семејството ја облепиле околината со плакати со фотографија од Тимоти, во обид да дојдат до било какви информации.

“Тоа што посебно не загрижува е тоа што Тимоти е познат како многу одговорна личност на која навистина можете да се потпрете”, рекол неговиот татко.

35-годишниот Тимоти, ,кој имал докторат од Харвард и работел многу одговорна работа, живеел сам во куќа во Атланта, а последен пат бил виден на 12. февруари.