Косовската метропола, Приштина, денеска се најде на прво место во светот по загаденост на воздухот. Според мерењата на „Air Quality Index“ (AQI), индексот на загаденост е 221 или „многу нездраво“.
Според истиот извор состојбата со воздухот не се сменила, иако во координирана одлука меѓу општина Приштина и Министерството за животна средина и просторно планирање, во последната недела од јануари, неколку улици во главниот град беа затворени за возила, како итна мерка против загадувањето на воздухот.
Загрижувачкото ниво на загаденост во Приштина е присутно во последните месеци.
Инаку, денеска на листата по загадини градови по Приштина се индиските градови Мумбај, Њу Делхи и Калкута.