Пуџдемон се повлекува со кандидатурата за премиер на Каталонија

од Vladimir Zorba
76 прегледи

  Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон објави денеска дека се откажува да се кандидира за премиер на каталонската влада.

Во видео порака Пуџдемон вели: Го информирав претседателот на каталонскиот Парламент дека се откажувам времено од кандидатурата за премиер.

Ако се врати во Шпанија, Пуџдемон ќе биде уапсен бидејќи е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.

Парламентарната група на неговата партија Заедно за Каталонија го предлага за кандидат за премиер Жорди Санчес, лидер кој е исто така обвинет за бунт и е во шпански затвор.

Пуџдемон се наоѓа во егзил во Белгија.