Хакерската напад врз компјутерите на германската влада продолжува , пренесе Дојче Веле со упатување на информации од Армин Шустер – претседател на комисијата за контрола врз активностите на тајни служби кон Бундестагот.

 

Зад нападот би требало да биде хакерската група ART28, исто така позната како Fancy Bear и нејзините врски со руските специјални служби.

Се проценува дека хакерите се инфилтрирале во мрежите на Министерството за надворешни работи и на Министерството за одбрана, и  вградиле штетен софтвер и се киднапирани документи.

Членовите на комисијата го изразија своето незадоволство од фактот дека разбрале за нападот од  вест на ДПА, а не од службите.

Според агенцијата, специјалните служби го идентификуваа вмешувањето на хакерите во декември минатата година. Експертите не ја исклучуваат можноста дека тоа може да продолжи и во текот на 2018 година.