Ликовната колонија Галичник, со својата последна сесија 2017 година ќе биде дел од официјалната програма на познатата балканска манифестација Сараевска зима и ќе учествува со своја изложба “Common Space” во галеријата „Collegium Artisticum“.
Изложбата ќе биде отворена вечерва и ќе трае до 14 март. Куратор на проектот е Ана Франговска.
Учесници на ликовната колонија Галичник се Светлана Волиц од Србија, Џулија Хопкинс од Велика Британија, Рок Богатај од Словенија, Симон Далеманс од Белгија, Рената Папишта од Босна и Херцеговина, Фидан Бејтулаху од Косово и македонските учесници Ана Јовановска, Ангел Миов и Горанчо Ѓорѓиевски.