Делови во Албанија поплавени откако властите ги отворија вентилите на хидроцентралите

од Vladimir Zorba
97 прегледи

  Делови од северозападна Албанија се поплавени откако надлежните дозволија да бидат отворени вентилите на браните на трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим.

Како што јави дописникот на МИА, ваквата одлука е донесена со цел да се ослободи вишокот вода од акумулациите за да се заштитат браните од пукање.

Албанското Министерство за одбрана потврди дека под вода се над илјада хектари земјиште и дека вонредни тимови се испраќаат за помош на поплавенте.

Трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим – Фиерза, која е втора по големина на Балканот, Коман и Вау те Дејес работат со максимален капацитет, поради преполните акумулаци по наглото топење на снегот и обилните дождови.

На патот до селото Обот во регионот на Скадар има над 30 сантметри вода, а два моста во ова подрачје се оштетени.

Според метереолозите, врнежите ќе продолжат и во наредните денови, поради што постои опасност од проширување на поплавените подрачја.