Путин им се придружи на двајца лудаци, ни треба револуција

од desk2
99 прегледи

Филозофот Салвој Жижек во текст за британски Indipendent ја кометираше изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин за новото нуклеарно вооружување.

Потсети дека Путин рече дека Русија е најголема нуклеарна сила на светот, дека тоа никој не го слуша, но дека би требало.

„Да, треба да ги слушнеме тие зборови на еден лудак кој им се придружи на веќе постоечките двајца лудаци. Не така одамна, Ким Јонг-ун и Доналд Трамп се натпреваруваа околу копчето за лансирање нуклеарни ракети, а американскиот претседател тврдеше дека „неговото е поголемо“. Сега го имаме Путин кој влегува во ова опскурно натпреварување, кое, да не заборавиме, е натпреварување во тоа кој прв може да не уништи и поефикасно“, наведува Жижек.

Според него, во медиумите, низ времето, се појавувале смешни размени на навреди меѓу Ким и Трамп.

„Иронија на ситуацијата е дека единствена надеж дека постои автономна и невидлива институција која ги спречува да не воведат во војна на сите против сите. Вообичаено е да имаме тенденција да се жалиме дека денешната бирократска политика, во институционалниот притисок, ги спречува политичарите да ги изнесат своите лични видувања. Сепак, се надеваме дека такви фактори ќе ја спречат визијата на сите тие луди луѓе“, вели Жижек.

Тој потоа прашува дали опасноста навистина лежи во нивната лична патологија.

„Секоја страна може да тврди дека сака само мир и дека само реагира на опасностите кои ги претставуваат другите. Тоа е точно, но што значи во лудоста во која целиот магичен круг е системот во кој се фаќаме дека сите учествуваме во таков систем. Иако разликите меѓу САД и Северна Кореја се очигледни, нема сомнеж дека двете сили спроведуваат екстремна верзија на државен суверенитет. Глобалното лудило станува видливо тогаш кога поставуваме едноставно прашањ – како протагонистите на нуклеарни закани го замислуваат притискањето на копчето? Дали се стоотстотно свесни дека со тоа и нивната држава ќе биде уништена во контранапад? Па, и се и не се истовремено“, додава тој.

Филозофот во текстот додава дека нема начин да се отфрли заклучокот дека радикална општествена промена, револуција, е неопходна за да се цивилизира нашата цивилизација.

„Не можеме да дозволиме надеж дека новата војна ќе води до нова револуција. Новата војна може да значи крај за цивилизацијата каква што ја познаваме, а преживеаните би се организирале во авторитарни групи. Северна Кореа не е луд исклучок во овој луд свет, туку вистински израз на лудост кој го води нашиот свет“, вели Жижек.