За неа Русите го замениле Скрипал: Додека тој се бори за живот, фаталната убавица станала милионерка и лудо се забавува

од desk2
131 прегледи

Сергеј Скрипал во големата размена на шпиони меѓу САД и Русија пред осум години, бил заменет за убавицата Ана Чепмен.

Сергеј Скрипал, поранешен руски шпион, се бори за живот откако бил отруен со непозната супстанца во градот Салисбери на западот на Англија.

Русија за десет шпиони, меѓу кои била и Ана Чепмен, на Америка и дала четворица Руси кои биле во нејзините затвори, а кои шпионирале за Западот.

Меѓу нив бил и 66-годишниот Скрипал, кој бил полковник во руската војска, висок разузнавачки службеник на GRU, а потоа работел и во Министерството за надворешни работи во хаотичните денови по падот на комунизмот.

Меѓутоа, тој бил уапсен во 2004. година, поради обвинение дека продавал идентитети на руски тајни агенти во Европа и на разузнавачката служба Mi6. Руската разузнавачка служба FSB го фатила како праќа информации со помош на уред сокриен во лажен камен во еден парк во Москва.

При апсењето, бил прогласен за “шпион со Луј Витон ташна”, бидејќи биле објавени фотографии од него со скапа торба на аеродромот каде одел да се сретне со странски агенти, пишува “Daily Mail”.

Тој признал дека MI6 го регрутирала уште 1995. година и дека им давал информации, добивајќи притоа околу 100.000 евра за своите услуги.

Во затвор отишол во 2006. и требало таму да мине 13 години, но бил предаден на Британија во рамките на размената.


Откако го испрашале британските безбедносни служби, добил можност за нов живот во Вилтшир. Таму има куќа вредна околу 400.000 евра и живеел повлечено со сопругата Људмила додека таа не починала пред две години. Како што пишува “BBC”, тој во рок од две години останал без сопругата, синот и постариот брат.

И додека Скрипал се бори за живот, Ана Чепмен објавува фотографии од луксузен одмор на Тајланд. Таму таа се фали со својот изглед.


Нејзиниот живот по враќањето во Русија драстично се променил. Поранешната шпионка, која се развела од својот британски сопруг, станала мултимилионерка. Таа има своја модна линија, бутици во Москва и работи како ТВ водителка.

Чепмен ја користи и секоја можност да го пофали рускиот претседател Владимир Путин и да ги критикува САД. Таа го прокоментирала и неодамнешното обраќање на Путин и претставувањето на новото оружје.


“Светот се промени. Повеќе нема да може некој да не ја почитува Русија и да мине без казна”, рекла таа. Чепмен ги повикала своите фанови на Инстаграм да дадат предлози за новите руски оружја.

Таа често може да се види на собирите на “Единствена Русија”, партијата на Путин во која е член. Ана Чепмен е мајка 2-годишно дете, а не е познато кој е таткото.


Работела како водителка на телевизиската емисија “Мистерии на светот” за телевизија “Ren-TV”, која била емитувана на каналот во сопственост на компанијата на Алина Кабајева, поранешна олимписка гимнастичарка, за која се тврди дека е во врска со Путин.

Инаку, постојат и гласини дека по наредба на Кремљ се обидела да го заведе Едвард Сноуден. Чепмен инаку е ќерка на некогашен агент на КГБ.