Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас синоќа на неформалниот состанок на владата во Атина ги претставил главните аспекти од нацрт, договорот кој набргу ќе им биде претставен на властите во Скопје. Исто така, тој ги презентирал и новите елементи кои беа додадени во нацрт-документот, објави грчкото Министерство за надворешни работи.

Според извори од одделот за надворешна политика, тој веројатно може да отпатува за Скопје веќе следната недела за да го претстави тој нацрт-договорот. Во исто време, Атина сака да ги спречи протокот на содржината на документот во општеството и да ги избегне дипломатските консултации кои излегуваат на насловните страници на медиумите. За таа цел, Коѕијас лично ќе го претстави грчкиот нацрт-договор пред македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров. Според дипломатски извори усогласеноста е голема а како последна пречка останува барањето за промена на македонскиот устав како гаранција за договорот за името , за што Заев порача дека енма да прифати.