Пет градови во Швајцарија меѓу десетте европски по употреба на кокаин

од desk2
213 прегледи

Цирих, Базел, Берн, Сент Гален и Женева се меѓу десетте европски градови каде кокаинот најмногу се користи, покажа европската студија.

Податоците се земени од отпадните води кои се тестирани за присуство на амфетамини, кокаин, екстази и метамфетамин, на 56 градови во 19 европски земји.

На прво место е Барселона по употреба на наркотици, а следи Цирих, Женева е на 5-то, Базел на 8-мо и Берн на 9-то место.

Според Emcdda кои го спроведоа истражувањето кокаинот најмногу се користи на југот и на запад од Европа, а во источните градови е на многу ниско ниво или воопшто не се користи.

Цирих е на 4-то место по употреба на екстази, зад Амстердам, Ајндховен и Антверпен. Женева е на осмо, а другите швајцарски градови се протегаат до 20 место.