Како може да управувате со земја која има 246 видови сирење? Ова е она што Шарл де Гол еднаш го кажа за сопствената своеволна нација. Во Италија, сепак, има 587 видови сирење, објави интернет-изданието „Политико“.
Триумфот на екстремно десничарските популистички партии на изборите во Италија е камен-темелник на третата по големина економија во еврозоната. За прв пат владата на земјата која ја создаде Европската унија (ЕУ) најверојатно ќе биде предводена од популисти, пишува изданието.
Коалициските преговори ќе траат недели и најверојатно месеци поради сложениот изборен систем, уште повеќе што ниту една партија нема мнозинство. Политичкиот систем исто така ќе има потреба од време да го апсорбира шокот од резултатите кои буквално ги разнесе десно- и левоцентристичките формации, кои досега беа во срцето на италијанската политика.
Во публикацијата исто така се наведени пет сценарија за тоа што ќе се случи од сега натаму и можните коалиции.
Салвини со Берлускони
Лидерот на Северната лига, Матео Салвини во понеделникот објави дека десноцентристичката коалиција со лидерот на „Forza Italia“ Силвио Берлускони победила на изборите и треба да формира влада. Барем засега тој ги исклучува „чудните сојузи“ со другите политички сили.
Прелиминарните резултати од гласањето сугерираат дека двете партии ќе имаат потреба од дополнителна поддршка од најмалку уште една политичка сила, за да управуваат во коалиција, но уште не е исклучено и да го соберат потребното мнозинство, иако веројатноста е мала.
Досега, двете партии се очекува да добијат од 247 до 257 места во долниот дом на парламентот. За мнозинство потребни се 316 места, пишува весникот. Уште од 128 до 140 места, тие ќе добијат во Сенатот, со мнозинство од 158 места.
Во случај на таков коалициски сојуз, премиер најверојатно би бил Матео Салвини од „Лигата“ како што се предвидува и во прелиминарниот пакт склучен меѓу него и Берлускони уште пред гласањето. Влада предводена од таква антиевропска фигура сигурно ќе ја претвори Италија во тежок партнер на ЕУ, но сепак ќе биде подобра алтернатива.
„Движење пет ѕвезди“ со Лигата
Ова ќе биде влада на вистински победници – „Лигата на Северна Италија“ и „Пет ѕвезди“ во јужна Италија. Во последните денови на предизборната кампања веќе поранешниот премиер и лидер на Демократската партија, Матео Ренци се обиде да го експлоатира стравот од ваква коалиција, за да ги убеди гласачите да го поддржат. Неговите аргументи очигледно не биле слушнати.
Луиџи ди Мајо, „Движење Пет ѕвезди“
„Пет ѕвезди“ се очекува да добие од 230 до 240 места во Долниот дом на парламентот, а „Северната лига“ – 115-123, што значи дека двете партии би можеле да формираат мнозинство и да управуваат. Сепак, Салвини ја исклучува можноста за таков сојуз, бидејќи ќе го доведе во прашање неговиот пакт со партијата Берлускони и локалните власти во северна Италија.
Но, ако тој одлучи да се обедини со „Пет ѕвезди“, „Лигата“ најверојатно ќе биде партнер, а не водечка фигура во идната влада. Таквата унија би ги намалила пазарите, бидејќи тоа би била најлошата опција за инвеститорите, велат од швајцарската банка „УБС“.
Коалицијата „Движење Пет ѕвезди“ и левицата
Левоцентристичката Демократска партија се очекува да добие помеѓу 104 и 110 места во долниот дом на парламентот и 47 до 55 места во Сенатот. Ова значи дека постои шанса да се формира коалиција со „Пет ѕвезди“.
За време на изборната кампања, лидерот на поранешната Демократска партија, Матео Ренци, постојано ја отфрлуваше можноста за оваа опција. Но, тој поднесе оставка од функцијата и ова дава простор за „маневрирање“ на неговата партија.
Лидерот на „Пет ѕвезди“, Луиџи ди Мајо изгледа позитивно настроен за такво сценарио. Кога го претстави својот евентуален министерски тим минатата недела, некои од нив покажаа љубов кон левоориентираниот политички спектар, како што е државниот секретар за финансии, Андреа Ривентини. Салваторе Џулијано, кој беше избран од „Движењето“ за иден на министер за образование, придонесе за реформа на кабинетот на Ренци на образовниот систем.
Привремена влада
Ако не се постигне договор помеѓу партиите, италијанскиот претседател Серџо Матарела може да предложи привремена влада.
Серџо Матарела
Сепак, ќе има ограничен опсег – да го одобри буџетот за оваа година и да подготви измени во изборното законодавство за да се избегне таква криза во иднина. Сепак, страните можат да стават вето на таква одлука и тоа нема да се реализира.
Широка коалиција
Во позадина на подготовката и гласањето во Италија, Германија се договори за нова широка коалиција со канцеларот Ангела Меркел и партијата на нејзините конзервативни демохристијани. Овој резултат првично изгледаше прилично неверојатен за постигнување.
Со месеци се навестува за такво сценарио и во Италија, иако сите политички лидери – од Ренци до Берлускони, негираат такви намери. Дури и ако станува збор за нешто слично, сепак, десничарските и левичарските партии воопшто не формираат мнозинство во парламентот.