Веќе имаме датум за старт на втората сезона на хит-серијата „The Handmaid’s Tale“.
Вчера, сосема свесно точно на 8 март, денот на жената, продуцентите пуштија нов тизер, на крајот на кој открија дека премиерата на втората сезона ќе биде на 25. април. Тогаш ќе се емитуваат првите две епизоди од новата сезона.
Серијата освои осум „Еми“ награди во септември, вклучувајќи и за најдобрата драма.
Судејќи според официјалниот трејлер за новата сезона, кој беше дистрибуиран порано, сигурно и сега ќе најде место меѓу номинираните и наградените.