Ви пренесуваме дел од колумната на Катерина Блажевска за Призма:

Фрапантно е објаснувањето зошто не се дозволува судењето за најголемиот случај на СЈО, „Титаник“, да се одржи во големата сала на Врховниот суд. Toa e дека „се работи за свечена сала, а не за судница на Основниот суд Скопје 1, сала која како таква (свечена – н.з.) се одржува, која по судењата одржани во неа се оштетила, на која и потребно е генерално чистење, замена на оштетениот теписон и седиштата, што е на терет на Врховниот суд“.
Неговото „не“ е исто како раководител на едно клиничко одделение да не дозволи итен случај да биде опериран во „негова“ празна сала, доколку во друго одделение сите хируршки сали се зафатени, или ако во моментот нема соодветни услови. Оние, кои всушност од најприземни (поттеписонски причини) се противат на впловувањето на „Титаник“ во „нивни“ просторни води, сигурно ќе речат – не е исто, бидејќи во здравството се работи за човечки животи.
Целата колумна на Призма на следниот линк.