Сириската војска го пресече патот меѓу градвите Дума и Хараста и така ги изолира во последната бунтовничка енклава Источна Гута.

„Ја изолиравме Дума од остатокот на Источна Гута, откако го презедоа надзорот над патот кој ги поврзува со градот Хараста на запад и локалитетот МИсраб на југ“, објави Сирискиот опсерваториум за човекови права (SOHR) во сабота.
„Режимските сили успеаја да ја поделат источна Гута на три дела: Дума и нејзиното предрадите на север, Хараста на запад, а остатокот на јужни локалитети“, се наведува во соопштението.
Офанзива од големи размери
Репортерот на агенцијата AFP јавува дека попладне Дума бил изложен на воздушни и артилериски напади.
Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, се обидуваат со офанзива од големи размери да го освојат тоа последно подрачје кое бунтовниците го држат речиси на вратата на Дамаск и веќе презедоа повеќе од половина енклава која има 100 квадратни километри.
Додека меѓународната заедница се покажа како немоќна да го запре крвопролевањето, со поддршка на својот руски сојузник сирискиот режим е решен да го освои тоа бунтовничко упориште во кое има околу 400.000 жители и е опколено од 2014 година.
Заради бомбардирањата возилата на итната помош тешко успеваат да се пробијат до болниците за да ги превезат ранетите.
Офанзивата почна со воздушна кампања со ретко виден интензитет дури и за Сирија која од 15 март 2011 година, трпи војна со повеќе од 340.000 жртви. По воздушната капмања следеа копнени напади на прорежимските сили и нивните сојузници.
Бунтовничките групи се обидоа, но без успех, контраофанзива се до саботата кога тргнаа во повлекување под дожд од бомби.
Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за едномесечен прекин на огнот остана мртво слово на хартија.
Претседателот Асад предупреди дека нападот ќе продолжи се додека не падне Гута. Неговиот заменик шеф на дипломатија Ајман Сусан рече дека „терористите набрзо ќе го вкусат поразот во Гута каков што доживеале во Алепо0“.
Вториот најгомел град во Сирија, Апело во декември 2017 година го зазедоа сириските сили со помош на нивниот сојузник Русија, и нејзината авијација.
Благодарение на влезот на руската војска во судирот во Сирија во 2015 година, режимот на Асаф нижеше победи против бунтовниците и џихадистите и успеа да врати контрола над половина од територијата на Сирија.