Претходно  Доналд Трамп објави дека Тилерсон бил отпуштен и дека ќе биде заменет од шефот на ЦИА, Мајк Помпео.

   Новинарите во Стејт департментот објавија дека Белата куќа  го отпуштил  и заменикот секретар Стив Голдстајн.

Голдстајн денеска изјави дека Тилерсон не бил информиран однапред од претседателот на САД, дека ќе биде отпуштен, а разбрал од пораката на Трамп на “Твитер”.

Голдстајн бил четвртиот државен службеник со највисок ранг во одделот.

Тилерсон ја имаше функцијата само 405 дена. Тој е 26-тиот висок офицер кој ја напушти администрацијата на американскиот лидер.

Вчера, Тилерсон беше принуден да ја заврши својата турнеја во Африка . Државниот секретар беше придружуван од новинари кои споделија дека немало сигнали дека ќе биде отпуштен од работа.

Во меѓувреме АП објави дека началникот на администрацијата Џон Кели го  советувал Тилерсон во петокот  саботата дда ги  следи  пораките  на Трамп на “Твитер”.

Тилерсон е информиран дека може да има порака од шефот на државата во социјалната мрежа која е од негова лична грижа.

Кели не  му рекол на Тилерсон што ќе е содржината на пораката и кога ќе биде објавено, информира АП, повикувајќи се на свој извор.

Во медиумите се шпекулира дека државниот секретар е отпуштен поради навредата кон Трамп од минатата година, дека е “малоумник” , или поради иранската договор или преговори со Северна Кореја.

Според американските медиуми, има повеќе рокади во главата на државната администрација.