Трета голема бура во изминативе две седмици го погоди североистокот на САД со обилен снег кој што предизвика прекин на електричната енергија на тоа подрачје.

Според американските медиуми, големата бура која што го погоди тој регион од Соединетите Американски Држави, донесла обилни врнежи на снег, па на некои снежната покривка достигнала 60 сантиметри.
Силен ветер и снег погодиле делови од Нова Англија, вклучувајќи го и Бостон, а во еден момент повеќе од 250 илјади луѓе останале без електрична енергија во Масачусетс, Конектикат и Роуд Ајленд.
https://www.youtube.com/watch?v=27UdJIcR91k