Во спомен собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров вечер ќе бидат доделени наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.
Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.
Првата награда ја доби македонскиот автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која годинава за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори