Се урна потпорен ѕид на Коридорот 10 во Србија

од desk2
137 прегледи

Во средата на делница од Коридорот 10 во Србија се урна потпорен ѕид, а причината се уште не е позната, јавуваат српските медиуми.

Состанокот на сите надлежни во проектот, изведувачите, надзорното тело, инвеститорите, проектантите и други учесници траел до доцна во ноќта.

На фотографиите се гледа дека над урнатиот ѕид откорнат е дел од ридот, како да станува збор за лизгање земјиште.

Коридори на Србија соопштија дека на јужниот Коридор 10 кај Грделичка клисура дошло до дестабилизација на помал дел од заштитната косина.

Изведувач на работите на овој дел од Коридорот е бугарската комапнија Трејс, а стручниот надзор го води конзорциумот „Луис Бергер и Егнациа Одос“.

Изведувањето на работите ги финансира Европската инвестициона банка, а вкупната вредност е 37,51 милиони евра.

Коридорот 10 ги поврзува Салзбург во Австрија со СОлун во грција, а поминува низ Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.