Рамбо Амадеус: Кога човекот би угинал Земјата би била рај

од desk2
76 прегледи

„Кога човекот би угинал, за 300 години планетата Земја повторно би с еопоравија во рај“, вели музичарот и еколошки активист Рамбо Амадеус, на трибина за загрозени животни во Србија.

Рамбо Амадеус спомна дека по нукеарната катастрофа во Чернобил човекот не пришoл во тој регион.

„Таму се обновија сите животински и растителни видови. Значи човекот е проблем. На планетата Земја постојат околу два милиони познати различни видови. Од кога човекот се „распиштоли“, да речеме по индустриската револуција, дневно засекогаш изумираат различни видови жив свет“, вели Рамбо Амадеус.

Тој вели дека човекот ја сече гранката на која седи и ја зголемува количината јаглерод диоксид во воздухот.

„Кога би ја намалиле земјината топка на еден метар слојот воздух би бил помал од милиметар. Најважните ресурси се ограничени, а луѓето не се свесни за тоа иако имаме алати да ги регистрираме промените“, додава Рамбо Амадеус.