Челниците на САД, Германија и Франција издадоа заедничка изјава со Велика Британија во која ја обвинија Русија дека стои зад труењето со нервен агенс на поранешниот шпион на британска територија.

Во изјавата која ја потпишаа американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Меј, ја обвинија Русија и изразија гадење поради нападот на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија што се случи во англискиот град Салзбури пред десетина дена.
„Русија е виновна за употребата на нервен отров во Втората светска војна.“
„Оваа употреба на воен нервен отров која ја разви Русија е прва употреба на отров за напад во Европа по Втората светска војна“, стои во изјавата.
Тоа е удар на суверениетот на Обединетото кралство и со оглед на тоа дека зад него стои друга држава се работи за кршење на Конвенцијата за хемиско оружје и кршење на меѓународното право. Тоа е закана по безбедноста на сите нас“, се додава во изјавата.
Се вели дека нема друго разумно објаснување отколку дека Русија стои зад труењето на поранешниот шпион.
Меѓусебно протерување дипломати
„Бараме од Русија да се држи до своите одговорности како членка на Советот за безбедност на ОН и да го одржува светскиот мир и сигурност“, се заклучува во изјавата.
Заради труењето на поранешниот шпион, Велика Британија прво ги пртера руските дипломати од својата територија, а денеска и рускиот министер за надворешни работи најави протерување британски дипломати од својата територија.