Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија вечерва дел од медиумите.
Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата.
Dоневски беше разрешен од страна на новата Влада уште во јули и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.
Новиот директор Мирчевски, пак во неодамнешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат-М телевизија зборувајќи за одговорноста за пропустите на објектите во кои инвеститор била СОЗР, откри дека се водат истраги за претходното работење на службата.
Засега нема официјална информација од МВР за што точно се работи.
Од Управата за финансиска полиција и од МВР засега нема потврда за приведувањето поранешниот директор на СОЗР.
Од Управата за утре најавуваат прес-конференција на директорот Арафат Муареми, на која тој ќе информира за предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.