Временска прогноза

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (над 80км/ч, а на планините и над 100км/ч). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до осум, а дневната температура до 25 степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.