Пролетта пристигнува, а еве еден пролетен лесен рецепт.

Состојки:
4 тиквички пресечени по должина
350 г мелено месо
2 пиперки
1 кромид
1/3 вода
1 лажичка мешан зачин
пола китка магдонос
150 г моцарела
100 г кравји кашкавал
1 млад кромид
Приготвување:
Запржете го говедското месо, пиперките, кромидот и средниот дел од тиквичките. Ставете ги испразнетите тиквички на хартија за готвење.
Додадете зачини и вода. Мешајте неколку минути додека зачинот не се распредели подеднакво.
Во голем сад, додадете го говедското месо, кашкавалот исечкан на коцки и магдоносот и добро промешајте. Со смесата наполнете ја секоја тиквичка.
Печете на 200 степени околу 30 минути, односно се додека тиквичките целосно не се испечат.
Извадете ги тиквичките од рерна и додадете малку моцарела, исклучете го оганот и вратете ги повторно во рерна додека да се растопи сирењето (3-5 минути). Додадете го младиот кромид и сервирајте.