Непечена лења пита

од desk2
386 прегледи

Состојки:

1 килограм јаболки
6 децилитри вода
150 грама шеќер
2 кесички пудинг од ванила
1 кесичка цимет
2 кутии бисквити
250 милилитри слатка павлака
Приготвување:

Измијте ги, излупете ги и изрендајте јаболките. Без да се цедат ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот.

Варете 5 до 10 минути.

Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода.

Кога јаболките ќе омекнат, додајте им го изматениот пудинг и малку цимет, па се заедно повторно варете и мешајте без престан се додека смесата не згусне и се соедини.

Во сад за печење наредете ред бисквити па ред фил од јаболки. Па повторно ред бисквити и ред фил.

На крај завршете со последен ред од бисквити.

Оставете да се олади колачот и премачкајте го со шлаг од изматената слатка павлака и украсете со рендано чоколадо.