СЕ: Неограничениот број претседателски мандати е отстапување од демократијата

од Vladimir Zorba
92 прегледи

  Укинувањето на ограничувањето на бројот на претседателски мандати претставува отстапување од принципите на демократијата, се оценува во извештај на Венецијанската комисија при Советот на Европа.

– Ограничувањето на бројот на претседателски мандати во земјите со претседателски и полупретседателски форми на власт, придонесува за спречување на злоупотребите на власта и не ги загрозува правата на претендентите на функцијата и на избирачите, се наведува во извештајот на  Венцеијанскта комисија.

Извештајот на комисија, од кои денеска се објавени само делови, е изработен на барање на Организацијата на американските држави, поради некои практики на укинување на ограничувањето или зголемување на бројот на мандати што едно лице може да ги извршува на претседателската функција.

Комисијата оценува дека промената на бројот дозволени мандати на претседателската функција „треба да биде мотивирано со желба на подобрување на функционирањето на држвата, а не за зацврствање на власта и интересите на актулените претседатели“.

– Дури и да се воведат такви уставни измени тие би требало да се однесуваат на идните вршители на должноста, а не на актулните претседатели, заклучува Венецијанската комисија.