Рама: Нема да се случи чудо, Србија нема да влезе во ЕУ пред Албанија

од desk2
92 прегледи

 

Србија нема пред Албанија да влезе во Европската унија, затоа што пред неа е болниот процес околу Косово, вели албанскиот премиер Еди Рама за „Политико“.

Иако Ербија во новата стратегија за проширување на ЕУ е означена, заедно со Црна Гора, како предводник меѓу потенцијалните нови членки на Балканот, Рама очекува дека таквата состојба на табелата нема да остане до 2025 година, односно првиот рок кој се спомнува како можен за нов чекор кон проширување на ЕУ.

„Србија нема да стане членка на ЕУ пред Албанија, тоа го знаеме сигурно. Србија мора да помине низ болниот процес на признавање на Косово, или барем решавање на косовскиот проблем. Цврсто верувам дека е потребно да се случи чудо, а тоа нема да се случи, да влезат пред нас во ЕУ“, вели Рама.

Како што потсетува Политико, односите меѓу Белград и Тирана во последните години се значително подобрени, но „тензиите и ривалитетот и понатаму постојат“.

Рама во разговорот во кој зборува дека е оптимист по прашањето на зелено светло од Брисел за Албанија и Македонија, наведе дека на Европа и е неопходен Балканот.

„Заради безбедноста, тоа е потполно јасно, а мигрантската криза тоа многу јасно го покажа. Замислете ситуација во таа игра Балканот да е нечие играчиште, чие и да е, но не на Европа“, вели рама.