Поранешниот шеф на ЦИА: Путин можеби има нешто за Трамп

од desk2
153 прегледи

 

Поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан смета дека Русија веројатно има нешто инкриминирачко за Трамп, што го објадснува неговиот необично млак став кон Путин.

„Велам дека можеби Русијте имаат нешто и дека затоа Трамп е загрижен“, рече Бренан на MSNBC. „Господинот Трамп најдобро од сите знае дали Русите имаат нешто за него“, вели тој.

Бренан беше на чело на ЦИА за време на вториот мандат на американскиот претседател Барак Обама, кога американската разузнавачка служба ги обелодени документите во кои се тврди дека рускиот претстедател Владимир Путин влијаел на претседателските избори во САД, со цел победа на трамп.

Трамп го критикуваше домашната јавност затоа што на Путин му го честита реизборот за претседател на Русија, во момент кога во Америка се води истрага за вмешаноста на Русија во неговата победа и врските на изборниот штаб на Трамп со официјална Москва.

Трамп се бранеше со зборовите дека и неговиот претходник, Барак Обама, му честитал на Путин кога победил на претходните избори.

Меѓутоа, Бренан вели дека тешко е да се објаснат постапите на Трамп кога станува збор за Путин. „Затоа може да се шпекулира дека тука има нешто“.