Сакаат да го сменат името на Зрењанин, активисти се против, па организираа 100 км прошетка

од desk2
77 прегледи

 

Активисти на зрењанинската Панонска активисричка организација ПАОР, во знак на протест против предлогот името на градот Зрењанин во Србија да се смени во Петровград, организираа прошетка од 100 километри.

Тие пешачат од родната куќа на народниот херој на НОВ Жарко Зрењанин Уче, до неговиот споменик во центарот на градот.

Според активистите идејата за преименување на градот е на „псевдоисторичари, ревизионисти, клеронационалистички академици и тајкуни капиталисти“, кои ја злоупотребуваат историјата за лична корист.

Активиситите велат дека нивната прошетка колку што е протестна толку е и почесна, бидејќи со неа оддават почит на антифашистичката борба и на самиот Жарко Зрењанин како име кое за Војводина претставува симбол, но и симбол за работничката борба и социјална правда.

https://instagram.com/p/BgqZffxA9LZ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_profile_upsell_test