Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување.
– Македонија и Грција треба да имаат заеднички интерес за засилена соработка во многу полиња кои се од интерес на граѓаните од двете држави, на економски и политички план. Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа – рекол Мицкоски.
На средбата тој ги афирмирал официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.