Кина најавила листа од американски производи, вредни 3 милијарди долари, кои се на мета на можна одмазда во тарифниот спор со претседателот Доналд Трамп и се подготвила за поголема битка по повод прашањето за технологијата, а финансиските пазари се потресени поради стравот од пореметување во глобалната трговија.

Кинеското министерство за трговија соопштило денес дека поголемите царини на американското свинско месо, јаболките, челичните цевки и другата роба, би ги надоместиле кинеските загуби кои ќе бидат нанесени од кревањето на тарифите на Трамп за увоз на челик и алуминиум.
Пекинг го повикал Вашингтон на преговори за да се договорат, без да постават никаков рок.
From Boeing to soybeans, China has a long retaliation list against Trump's tariffs https://t.co/iUUuZ0GFQi pic.twitter.com/1Vz78M8wMT
— Bloomberg (@business) March 23, 2018
Трамп вчера ги започнал трговските мерки против Кина, со образложение дека дефицитот на САД во трговијата со Кина е “надвор од контрола” и дека изнесува 504 милијарди долари.
Кинеското министерство вчера ја критикувало одлуката на Трамп за зголемување на царините на кинеската роба вредна до 60 милијарди долари, поради политиката на Пекинг врзана со технологијата. Тогаш не било дадено никакво навестување за можен одговор на одлуката на САД, но Министерството за надворешни работи соопштило дека Пекинг “ќе ги преземе сите неопходни мерки да ги заштити интересите на земјата”.
Финансиските пазари утрово паднале поради загриженоста од растење на тензиите кои би можеле да ги пореметат глобално најобилните билатерални трговски односи или да доведат до тоа и други земји да кренат увозна бариера.
Why Donald Trump's China tariffs are likely to be a bad thing for him | Analysis by @CillizzaCNN https://t.co/ljVJufpmka pic.twitter.com/GUApyhcO1O
— CNN International (@cnni) March 22, 2018
Американските берзи паднале. Во Азија, главниот индекс на берзата во Токио паднал за неверојатни 4,6 проценти, додека композитниот индекс на Шангајската берза потонал за 4,5 проценти.
Доларот ослабел на 104,85 јени, бидејќи инвеститорите се свртеле кон вложување во јапонската валута, која се смета за безбедна од ризици.
Денешниот кинески одговор, како што оценува “AP”, изгледа има за цел да го зголеми внатрешниот притисок на Трамп во САД, укажувајќи јасно на тоа кои извозници, кои гласале за него во 2016. година, би можеле да ја трпат штетата.
Tim Anderson on tariffs: "I wouldn't doubt if the announcement on these tariffs on China are timed very appropriately in front of the meetings that Trump is going to have with North Korea in a couple of months." pic.twitter.com/yTt6BU4a59
— FOX Business (@FoxBusiness) March 23, 2018
Министерството за трговија навело дека денешната листа е поврзана со тарифите за челик и алуминиум на Трамп, а компаниите веќе ги разгледуваат последиците од потенцијалните проблеми кои би можеле да доведат до поголем проблем , кој се однесува на обвиненијата дека Кинезите ги крадат американските интелектуални достигнувања или ги принудуваат компаниите од САД да им ја предадат технологијата.