Седум часа дневно, по четириесет и пет минути, со единствен одмор од дваесетина минути и уште некој мал одмор и ….така,. пет дена во неделата..а одвреме навреме и шест дена, без можност за нормален здрав оброк, а некои и без никаков оброк. Во претесни и непроветрени училници! А, понекогаш и додатна и дополнителна…Е, па овој напор и најиздржливите не би го издржале! Очајно!!! На секој час преблокирани со информации, здодевно, монотоно, да не мрднат од столчето, да не се свртат, без можност за креативност, оригиналност, развој на талент!!!
Постојано во улога на слушатели и одвреме навреме во улога на продуцирачи на мемориран материјал…кој најчесто и не го разбираат!
Е, кој ќе сака да оди во училиште, на вакви часови и ваква долга, предолга настава? И на крајот : „ Научете дома! “ А, целиот час за што ни беше? Но, загрижува фактот дека учениците, во мигот кога почнува „предавањето“, го исклучуваат вниманието и концентрацијата и почнуваат да лебдат со мислите подалеку од училницата или скришно си гледаат во екранчето од телефонот…Нормално, знаат дека во следните минути нема да чујат ништо интересно, нема да биде пробудена нивната креативност и никој нема да ја пофали или исползува нивната интелигенција. Единствено ќе се оценуваат и ќе бидат прашани за меморирањето на факти, бројки, формули, дефиниции кои најчесто не ги разбираат, а уште помалку знаат да ги применат или барем пронајдат во реалноста. Ужас!!!
А, учениците се натпросечно интелигентни и имаат можност ако се поттикнати и самите да бидат иноватори, поети, конструктори, научници…ама никој не го бара тоа од нив! Уште во Основно, се создава отпорот кон учењето. Како ? Многу лесно! Им се задава да научат материјал од учебници кои се напишани од универзитетски професори и кои не се прилагодени на нивната возраст. Во лекциите најчесто има материјал за студенти а, не за Основци или Средношколци. Па така ученикот кога ќе седне да учи и кога нема да може да научи, ќе почне да го прогонува чувството дека тој не може да научи, дека нешто не е во ред со него и се разбира постојано ќе бега од тоа сознание, со неучење…. Страшно!!!
Затоа наставниот мора лошиот учебник да го прилагоди кон учениците и наставата.
Сè зависи од наставникот! Ама, добрите наставници не се проценуваат низ дневната подготовка, годишното и тематско планирање кое може да е совршено, а часот може да биде неуспешен…
Добрите наставници ја сакаат својата работа, зашто оваа професија бара само љубов, па пак љубов и многу љубов. А, потоа почит кон малото човече, детето, идниот научник, писател, гениј….Разбирање за неговите чувства, мисли, состојби, …осаменоста, семејните трагедии, разводи..и што уште не???
Креативност, за да може да создаде поуспешни часови, врвна концентрација зашто само еден миг оддалечена мисла, буквално може да се случи грешка која ќе биде забележана од триесет пара очи и уши.
Наставникот треба да биде „врв“ во секој поглед. Емотивно, интелектуално, креативно, здравствено, ….бидејќи тој најмногу на часот ја остава својата личност пред учениците. Но, дали целиот овој негов труд е правилно вреднуван? И сè додека на Педагошките факултети не се запишуваат најдобрите ученици, со највисок просек, нема да имаме добар наставен кадар. И сè додека најдобрите, бегаат од наставните насоки на факултетите, знаејќи дека во образование нема „добра“ плата, нема да имаме солидни наставници во образованието. А, ние на тој начин ги оштетуваме нашите „најбитини“.Ја осакатуваме нашата иднина. Бидејќи децата се иднината.
И сè така, во затворен круг! Факт е дека мора од темел да се менуваат состојбите за да имаме подобри луѓе , за да имаме луѓе со повисока свест, за да имаме иднина! А, може некому тоа и не му одговара! Но! Мора да направиме сè, ама баш сè, за да ги спасиме учениците од лошото образование, да им дадеме можност на оние кои доаѓаат по нас, да останат со нас. Квалитетното образование секогаш е фактор број еден во креирање на успешен и вреден живот. Мораме да искреираме посреќна иднина! Нашите деца тоа го заслужуваат!
…………………………………
м-р Соња З. Андоновиќ , pрофесорка и културолог