Четири земји од ЕУ ги повикаа руските амбасадори во министерствата за надворешни работи

од desk2
130 прегледи

 

Руските амбасадори во Полска, Летонија, Литванија и Естонија се повикани во министерствата за надворешни работи на тие земји во понеделник, пренесоа руските агенции.

РИА Новости с еповикува на портпаролот на руската амбасада во Полска и претставникот во Летонија, аТАСС се повикува на неименувани дипломатски извори. Агенциите не ја наведуваат причината за повиците.

Европската унија го повлече својот амбасадор од Москва во знак на солидарност со Британија по труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои беа најдени на клупа онесвестени во градот Салзбури на 4 март.

Членките на ЕУ во петокот се согласија да преземат дополнителни казнени мерки против Русија кој ја обвинуваат за тој напад, како и САД. Русија отфрла секаква одговорност.