Познатиот биолог предупредува: На човештвото му се заканува пропаст за неколку децении, ова е поопасно од климатските промени

од desk2
134 прегледи

Пред 50 години, контроверзната книга “Популациска бомба” започнала дебата за негативното влијание од пренаселеноста на животот на Земјата.

Нејзиниот автор, биологот Пол Елрих, денес предупредува дека пренаселеноста и претераната употреба на ресурсите ќе не турне преку “работ од карпата”.

Според Ерлих, на човештвото во наредните неколку децении му се заканува “речиси извесна” пропаст, бидејќи го уништило природниот свет кој го одржува животот на Земјата.

https://twitter.com/AetherCzar/status/977572506054922241

Ерлих смета дека оптималниот број на жители на Земјата е помал од две милијарди, што е 5,6 милијарди помалку од моменталниот број на луѓе. Нагласува дека за човештвото, од климатските промени поопасно е хемиското загадување на планетата со синтетички хемикалии.

Ерлих смета дека, ако сакаме да го намалиме претераното трошење на ресурсите, потребна е досега невидена распределба на богатството во светот. Сепак, не смета дека богаташите кои управуваат со светот и кои секоја година се состануваат во Давос ќе го прифатат тоа.

“Преголемиот број на богаташи во светот е една од најголемите закани за човечката иднина, а културната и генетската разновидност се големи човечки ресурси”, нагласува Ерлих.

Ерлих денес признава дека многу поединости во неговата најпозната книга биле неточни, но уште смета дека таа во суштина е точна.

“Растот на популацијата и претераната потрошувачка по жител ќе ја турне цивилизацијата преку работ – денес на милијарди гладни им недостасуваат микронутриенти, а климатските пореметувања ќе убиваат луѓе”, вели Ерлих.

“Ризикот само ќе се зголемува додека константниот раст ќе биде цел на економските и политички системи”.

За да ја спасиме цивилизацијата од колапс за почеток треба на сите да им пружиме пристап до модерните контрацептивни средства, но и на жените да им дадеме еднакви права, плати и можности како на мажите, смета тој.

Како што додава, по тоа би уследил потребниот пад на бројот на жители, но за тоа ќе биде потребно многу време.