Пет начини да се ослободите од ‘рчење

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Голем дел од врските и браковите патат поради тоа што едниот од партнерите ‘рчи, а тоа е неподносливо за другиот. Постои начин на кој овој проблем може да биде надминат, само треба да направите некои измени во начинот на живот.

Живеењето со партнер кој ‘рчи знае да биде многу напорно, а за тоа можат да ви сведочат големиот број луѓе (повеќето жени) кои се во брак или врска со луѓе кои ‘рчат. За да се отстрани овој проблем, треба да се смени начинот на живот на партнерот кој ‘рчи, но никој не вели дека тоа ќе биде лесно.

Затворете ја устата

Човечкото тело е дизајнирано така што од вас се очекува да дишите преку нос. Спиењето со отворена уста дозволува воздухот кој го вдишувате да удира во мекото ткиво на крајот од грлото и тоа предизвикува вибрации, па оттаму се појавува ‘рчењето. Пробајте да ја држите устата затворена со помагала, или едноставно пробајте да контролирате што правите во сон.

Отворете го носот

Доколку носот ви е затнат, се зголемува можноста да спиете со отворена уста, а со тоа и да почнете да ‘рчите. Тоа се решава многу лесно, купете спреј кој содржи морска сол од најблиската аптека и почнете да го користите. За неколку дена би требало да забележите прочистување на дишните патишта. Ако пак, проблемот е во начинот на кој носот е обликуван, тогаш единственото решение е корективна хирургија, која и не е така скапа како што мислите.

Дебел врат

Дебелиот врат знае да биде голем причинител за ‘рчење, па затоа, доколку сметате дека ‘рчите поради тоа што имате прекумерна тежина, пробајте да ослабнете.

Проверете ја вашата вилица

Честопати се случува луѓе да ‘рчат поради неправилниот облик на вилицата. Ако таа е многу вовлечена кон вратот, тогаш скоро неизбежно е ‘рчењето навечер. Доколку го имате овој проблем, ќе мора да се консултирате со доктор, кој веројатно ќе ви препорача корективна хирургија.

Не спијте на грб

‘Рчењето не се случува кога спиете странично или на стомак, туку тоа е предизвикано само од спиењето на грб. И да, знаеме дека не е лесно да се откажете од спиењето на грб бидејќи тоа е најудобно и овозможува најдобро да се одморите, но ако сакате да престанете да ‘рчите, ќе морате. Ако не сте во можност да си купите перница која е дизајнирана за спиење странично, тогаш направете го стариот добар трик со зашивање две тениски топчиња на задниот дел од горната пижама.