Пентагон работи на ново психолошко оружје на САД

од desk2
95 прегледи

Пентагон работи на нов вид на оружје со несмртоносно дејство, кое, според пишувањата на магазинот „Popular Mechanics“, е навистина многу чудно.

Имено, воени научници планираат да употребат ласери, кои на големи оддалечености би можеле да произведат ефект сличен на човечки глас.

Овие „гласови“ би биле користени за „психолошки операции и различни објави, или едноставно за да се полуди непријателот“, пишува Кајл Мизоками.

Деталите околу „Laser-Induced Plasma Effect“, како што е наречено новото оружје, објавени се на сајтот Defense One.

Оружјето функционира така што ласерот, наречен фемтоластер, создава кугла на плазмата, која потоа ја погодува друг ласер-наноласер.

Благодарение на одредената бранова должина, наноласерот доведува до тоа плазмата да почнува да произведува и светлина и звук.

На објавената видео снимка може да се слушне звук, кој наликува на човечко мрморење, а Пентагон смета дека ќе успее да произведе разбирливи зборови во рок од три години.

На другата снимка може да се слушне како ласерот произведува звук, кој имитира експлозија на граната која ослепува.

Плазмата може да се изманипулира на тој начин да произведува топлина, што може да се види на снимката на која е запалена воена униформа.

Научниците пренесуваат дека новото оружје би можело да се користи и со цел за предупредување на луѓе кои се доболижуваат до воените контролни пунктови, или за да имитира звук на пукање од огнено оружје.

https://www.youtube.com/watch?v=XPU6ZL8kvhA