Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од осум до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната до 18 степени.
Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.