„Валпараизо, каков апсурд си. Не ти е исчешлана косата, никогаш немаше време да се дотераш, животот секогаш те изненадуваше“, напиша Пабло Неруда за овој чилеански град. Локалците го нарекуваат Волпи, сиромашен ќе си спомнеш, но предизвик за целиот уметнички свет.

Валпараизо е Мека за уметниците во светот, улиците се преполни со мурали и графити, исполнети со субверзивни идеи. Некогашната држава водена децении под милитаристички режим на Аугусто Пиноче, сега ја брани слободата на изразувањето, каде се испраќаат остри критики за светските политики.
Колоритен, но критичен, Валпараизо ќе ти шепне: „Што правиш Ти, за да го смениш светот“.
