Европа заостанува во технологиите од САД и Кина

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Невладината европска организација Joint European Disruption Initiative (JEDI) е загрижена за растечката технолошка супериорност на американските и кинеските корпорации, објави „Блумберг“. Според JEDI, властите во Европа мора да преземат итни мерки за да го спречат регионот да заостанува во високотехнолошката сфера.

Организацијата е составена од истакнати претставници на европската технолошка заедница, поранешниот шеф на Deutsche Telekom – Рене Оберман, првата Французинка космонаут Клауди Хајнер и Волфганг Волстер, директор на Германскиот центар за истражување на вештачката интелигенција (DFKI).

JEDI повикува на итно формирање на пан-европски фонд со капитал од 1 милијарда евра. Средствата од него ќе се користат за фундаментални истражувања во области како биотехнологија, енергетика, квантните пресметки, вештачка интелигенција и сајбер безбедност.

Одлуките за инвестиции во hi-tech проекти треба да се земат брзо – во рок од два месеци, повика JEDI. Како пример од организацијата го наведуваат управувањето на DARPA – Агенцијата за перспективен развој на Министерството за одбрана на САД, која му го даде на светот интернетот, компјутерскиот глушец и технологија со вештачка интелигенција.

Слични содржини