Рускиот тајкун Магомедов е уапсен за проневера на 35 милиони долари

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Руските власти го уапсија милијардерот Зијавудин Магомедов за проневера на 35 милиони долари при користење на пари од државни фондови кои му биле доделени за проекти во градежништвото. Рускиот тајкун ги негираше обвиненијата. Нему му е одреден притвор од 60 дена.

Еден од најбогатите Руси, 49 годишниот Магомедов  се занимава со градежништво.

Тој беше уапсен заедно со неговиот брат и бизнис партнер, Магомед Магомедов и Артур Максидов кој е на чело на компанијата „Сума груп“ која беше вклучена во изградба на стадион во Калининград за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во Русија.

Двајцата бизнисмени, исто така, ќе бидат задржани во притвор до 30-ти мај, пресуди судот.

На сослушувањето, судијката рече дека тие дејствувале како криминална организирана група и дека се обиделе да влијаат врз сведоците.

Магомедов понуди кауција од 35 милиони долари, но судијката одби и пресуди тројцата да бидат приведени.

Судијката рече дека Магомедов може да избега, бидејќи имал приватен авион и пари на сметки во странски банки. Ден пред да биде уапсен, резервирал лет од Москва за Мајами, рече судијката.

Магомедов се сметаше за дел од руските мулти милионери кои се лојални на Кремљ. Тој минатата година се најде на 63 место на листата на најбогати на Форбс.