Еф Екс Харсоно (FX Harsono) е еден од највлијателните уметници во Индонезија. Уметничкиот дискурс го преточува во силна политичка критика, каде ги повикува индонезиските политичари на одговорност. Харасоно се труди преку перформанси да отвори клучни теми во Индонезија кои се врзани со историската меморија и бришење на иденитетите на луѓето со кинеско потекло. Работи со стручни тимови од повеќе области, а деконструкција на неправдата во историјата е силно вградена во неговиот израз.
Харасоно како уметник постојано поставува прашања за индивидуата во општеството, како и за неговата релација со Индонезија. Развивањето на портрет или себепортретирање е силен уметнички потфат, кој го вбројува Харасоно во највлијателните артисти на 21 век.