
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 март.
Денеска е Св. маченици Јован, Сергеј, Патрикиј и други.
Близу Ерусалим се издига еден стар и многу познат манастир во христијанскиот свет. Тоа е манастирот Свети Сава. Во седмиот век во овој манастир живееја монасите Јован, Сергеј, Патрикиј и многу други, делејќи ја тогашната тешка судбина на жителите околу Ерусалим кои беа постојано напаѓани од Сарацените. Овие не штедеа ништо живо. Се случи Сарацените да го нападнат и манастирот на Велики Четврток. Тие влегоа во манастирот и од монасите бараа злато. Кога овие одговорија дека единствен имот им се старите облеки што ги носеа, Сарацените се разгневија и ги затворија во пештерата во која некогаш се подвизуваше Свети Сава. Потоа нафрлија дрва на влезот и ги задушија монасите со чадот од дрвата. Од сите монаси што тогаш пострадаа познати се имињата само на споменатите тројца.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Фрањо Паолски.
Роден е во 1416 година во Паоло, во Калабрија. Во 1430 година го напуштил своето семејство бидејќи сакал во самотија да го слави Господ. Размислувал за Божјата добрина, убавина и милосрдие. Не можел да живее сам бидејќи гласот за неговата светост брзо се проширил меѓу луѓето. Тој заедно со 11 луѓе кои му се придружиле, изградиле црква за богослужба. Набрзо се зголеми