Британците ги навредија Грците со шокантна туристичка понуда

од desk2
127 прегледи

 

Британскиот сајт Гардијан, на својата страница посветена на патувања им нуди на своите читатели да „искусат нешто единствено“ и да платат 2.500 фунти за една недела во Грција.

Имено, целиот концепт е замислен како турнеја по земјата која „со економската и бегалската криза имала најочигледно влијание на Европа, а драматичните намалувања на буџетот направиле огромни промени во животите на обичните луѓе“.

Потенцијалните патници патувањето би го започнале во Самос и би завршиле во Атина, но по пат би се среќавале со обични луше, со грашански организации замејоделци и политичари.

Патувањето треба да ги научи како обичните луѓе живеат и се снаоѓаат и како нивните искуства може да се применат во остатокот од Европа.

Тоа е всушност нова маркетинг идеја на „туризам на сиромаштија“.

Новинарка од „HuffPost“ Анастасија Кулета им порача нешто на колегите од Гардијан:

„Драг Гардијан, грчката економија и кризата со мигрантите се тешки теми за површни разговори со туристи. Вистинската слика на Грција е во редовите за народните кујни, редовите во болница, во пошта, Грција е полна луѓе кои скокаат во вода да ги спасат мигрантите без размислување, на истите мигранти кои не знаат како да им обезбедат подобро утре на своите деца, а се заробнеи овде.. Има родители кои не знаат како да издржат од денес за утре, но живета за своите деца. За седум дена пат, ни еден ваш читател нема да може тоа да го разбере, а не пак да го пренесе како лекција на Европа. Знаете зошто? Затоа што голема дел од „високата“ Европа научи да се соочува со Грција како со егзотичен проблем: со кратки излети, комплименти и чај на сочувство“, напиша Анастасија.

„Дали би издржал да чекаш во ред за тањир храна – дали би издржал?„

„Да немам друго решени, би издржал.“

„Ја не би. Побрзо би се качила на тераса и би скокнала во понор“.

Луѓето кои го кажуваат ова се моите родители. И такви има многу, какао што ели мојата мајка дека не би издржала. Е, тоа е грчката економија и мигрантската криза за која зборувате. додава новинарката.