Предавање за уметноста на Борко Лазески во НГМ

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Утре со почеток во 19 часот, во просториите на НУ Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата „Борко Лазески – 100 години од раѓањето“, со историчарот на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски. На предавањето, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за овој великан на македонската уметност.

Изложбата „Борко Лазески 1917-1993“, на која се претставени шеесетина дела од речиси сите творечки фази на авторот, беше поставена во рамките на програмските активности на Националната галерија на Македонија за одбележување еден век од раѓањето на најпознатиот македонски монументалист и втемелувач на витражот во Македонија. Изложбата содржи оригинални дела од помал формат и фотографии од монументите на Лазески, како и до сега реставрираните скици од неговата „Фреска за НОБ“ која до земјотресот во 1963 стоела во холот на старата железничка станица во Скопје.