Tesla неделно произведува повеќе од 2.000 примероци од Model 3

од desk2
128 прегледи

Основачот и директор на компанијата Tesla, Елон Маск, им честиташе на своите вработени откако почнаа да произведуваат повеќе од 2.000 примероци од Model 3 неделно.

Маск преку пораки испрати честитки до вработените, во кои пишува дека патот до ова ниво бил „екстремно тежок“, но дека компанијата „конечно успеала“.

Овие информации пристигнаа откако минатиот месец во јавноста беше откриена порака, во која главниот инженер на Tesla, Даг Филд, бара од вработените да го зголемат дневното производство на 300 примероци од Model 3.

„Светот внимателно не набљудува, сака да знае колку автомобили Model 3 навистина може Tesla да произведе за седум дена. Ова е клучен момент во нашата историја, а постојат неколку причини зошто е толку многу важен. Изберете го оној кој ќе ве мотивира да победите“, изјави Филд, кој зборуваше и за оние кои се сомневаат во квалитетите на Tesla.

„Правиме се да зажалат сите кои се обложија против нас. Ќе им докажеме на сите тие дека не се во право“, додава тој.