Рана Бегум е азиска уметница која во моментот твори во Британија. Таа создава просторни инсталаци, каде го користи стаклото како медиум за проток на светлосни информации. Таа има свое студио во Лондон и креира комплексни уметнички искази, манипулирајќи во просторот со визуелни форми кои се репрезентација или илузија на повремено бидување.
Бегум изложува во најпрестижните галерии, и е неуморен млад автор кој постојано е во потрага по нови идентитетски целости.